Близу 90 отсто од американските фирми во Кина ги гледаат кинеско-американските односи низ призма на позитивен тренд како „клучни за корпоративен и бизнис-раст и развој“

Истражување на Американската стопанска комора во Кина, кое може да поттикне зацврстување на билатералата САД – Кина

Кина останува важен пазар за американските компании, при што речиси половина од испитаниците од истражувањето објавено во извештајот на Американската стопанска комора во Кина (AmCham China) за бизнис-климата објавена деновиве, ја рангираат Кина во топ три глобални инвестициски приоритети. Над половина од анкетираните американски претпријатија во Кина очекуваа зголемување на инвестициите во нивните операции во Кина во 2025 година.
Извештајот на Американската стопанска комора во Кина за бизнис-климата за американските компании во Кина забележа дека „домашната потрошувачка (во Кина)“ од страна на испитаниците се смета за најдобра деловна можност и перспектива во 2025 година во повеќето сектори. Според извештајот на Американската стопанска комора во Кина, раководителите на американските компании во Кина се надеваат дека „американската влада ќе се воздржи од агресивна реторика, ќе ги намали тарифите за кинески стоки и ќе продолжи кон резултатски ориентирана, институционализирана рамка за редовен билатерален дијалог“.
Сепак, истражувањето наедно покажа дека повеќе од половина од американските компании што одговориле на анкетите и интервјуата за истражувањето се загрижени за можното „дополнително влошување на билатералните односи меѓу двете економии во 2025 година“.
Како одговор на оваа загриженост на американските компании во Кина, изразени во извештајот на Американската стопанска комора во Кина, реагираше портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг. На организираната прес-конференција тој подвлече дека е исклучително важно „да се продолжи со постојан, здрав и одржлив однос меѓу Кина и САД“!
– Кина секогаш гледа и ги развива врските меѓу Кина и САД во согласност со трите принципи изнесени од кинескиот врвен лидер, имено, меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни. Исто така, се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина и ќе ги вратат кинеско-американските односи на патеката на здрав и стабилен развој – рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Зголемените тензии во односите меѓу САД и Кина, со избор на 63 отсто од анкетираните претпријатија во 2025 година, остануваат главен деловен предизвик на американските претпријатија во Кина од 2021 година, според извештајот на БЦС.

Позитивните билатерални односи меѓу Кина и САД се суштински за работа на
американските компании во Кина

Во врска со оваа констатација од извештајот на Американската стопанска комора во Кина, Алвин Лиу, претседателот на Американската стопанска комора во Кина, истакна за јавноста дека „во 2021 година, процентот на перцепција за зголемените тензии во односите меѓу САД и Кина беше 78 отсто“, а дека оваа година, тоа е 63 отсто.
– Сè уште е голем процентот на загриженост на инвеститорите од Америка во Кина, но радува што процентот е во опаѓање – рече Мајкл Харт, копретседател на Американската стопанска комора во Кина.
– Стабилните и конструктивни односи меѓу САД и Кина, втемелени на економските и трговските врски, се од клучно значење не само за просперитетот на нашите две нации туку и за глобалната економска стабилност – истакна тој.
Вреди да се напомене дека 87 отсто од испитаниците сметаат дека позитивните односи меѓу Кина и САД се клучни за нивните операции во Кина, што е за 5 процентни поени повеќе во споредба со 2023 година.
Во врска со гореспоменатиот извештај, висок истражувач во Кинеската академија за меѓународна трговија и економска соработка, Џоу Ми, за „Глобал тајмс“ изјави дека „кинескиот пазар е токму она што им треба на американските компании, без разлика какви промени може да се случат во билатералните односи под новата администрација“.
– Кинескиот пазар може да донесе огромни придобивки и можности за американските компании, но дилемата со која се соочуваат се некои поединци американски политичари, кои имаат предрасуди и водат а приори политики против Кина, по истата основа – вели Ли Јонг, висок научен соработник во Кинеската асоцијација за меѓународна трговија.

Вашингтон, туку поединци со умисла им наштетуваат на американско-кинеските односи

Високиот научен соработник во Кинеската асоцијација за меѓународна трговија Ли Јонг, во врска со ова прашање, за јавноста изјави дека „некои американски политичари сакаат да ги игнорираат интересите на американските бизниси со цел да остварат политички цели, нанесувајќи им штета на деловните интереси на американските компании во Кина, па дури и во светот.
Извештајот откри дека околу една петтина од анкетираните претпријатија размислувале за приспособување на синџирите на снабдување поради влијанието на трговските тензии меѓу САД и Кина. Во врска со таквите промени во деловната стратегија, високиот научен соработник во Кинеската асоцијација за меѓународна трговија изјави дека „практично нема место каде што можете да го земете она што го имате во Кина и да го поставите на друго место“.
– Во такви околности, тешко е за американските мултинационални компании да постигнат оптимална техничка и ресурсна соработка во глобалната рамка, што ќе ја ослаби конкурентноста на американските претпријатија – рече Ли. Сепак, Кина отсекогаш била посветена на подобрување на деловното опкружување за странските инвеститори.
Споменатиот извештај, исто така, покажа дека 33 отсто од американските компании изјавиле дека инвестициското опкружување во Кина е подобрено во 2024 година, што е за 5 процентни поени повеќе од претходната година. Е.Р.


Пекинг официјално објави дека ќе продолжи да обезбедува еднакви услови за странските претпријатија во 2025 година

Кина ќе продолжи да обезбедува еднакви услови за странските претпријатија во 2025 година, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Хе Јадонг, на прес-конференција. Министерството ќе се фокусира на намалување на негативната листа, подобрување на деловното опкружување и обезбедување странски претпријатија да работат во Кина без тешкотии и со доверба, така што „следната Кина“ ќе биде сепак Кина со и за полна доверба, рече тој.
– Кина отсекогаш била подготвена да ги слуша идеите и предлозите на странските компании што работат во Кина, вклучувајќи ги и американските компании, за заеднички да го подобрат деловното опкружување за нивниот развој – се вели во официјалното соопштение.