На Вашингтон нема да му се допадне „стратегиската резолуција“ на ДУИ
- Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети на саботниот конгрес наместо да направат анализа на тешкиот пораз на локалните избори, наместо да тргнат во реформа на сопствената структура и сопствената партиска програма, тргнаа во „длабинска реформа“ на македонската држава: максималистичките барања на ДУИ и Ахмети за воведување двоен етнички легитимитет во сите области на функционирањето на државата и во раководењето со неа, дури и во конституирањето на Владата и одлучувањето во Уставниот суд, всушност, се концепти и механизми за создавање и функционирање на двонационална федерација со засебни политичко-територијални автономии и внатрешни исцртани граници врз етничка основа!
Со сѐ што беше кажано и усвоено на конгресот изминатата сабота, Али Ахмети и неговите сопартијци, нивната партија ДУИ, оставаат впечаток како да живеат во некаков свој „паралелен албански универзум“, многу различен и многу оддалечен од сегашната политичко-државна реалност на Македонија. Не е ни чудо што Али Ахмети и ДУИ веќе наидуваат на жестоки реакции не само во македонската општествена и политичка јавност туку и во нивните сопствени редови. Ним во нивните редови им се случува и ескалација на внатрешното незадоволство, поради, како што анализираат и пренесуваат медиумите на албански јазик во земјата, извршената најобична рокада на едни исти „политички потрошени“ лица во партиските органи, оптоварени и со „корупциски багаж“, наместо ДУИ да пристапи кон вистински кадровски промени. Шефот на „интегративците“ и неговата партија се изложени на „артилериска канонада“ од остри критики, па дури и на иронизирања, не само од коалицијата Вреди туку и од новинари, интелектуалци и други јавни личности од редовите на албанскиот етникум во Македонија.
Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети на саботниот конгрес наместо да направат анализа на тешкиот пораз на локалните избори, наместо да тргнат во реформа на сопствената структура и сопствената партиска програма, тргнаа во „длабинска реформа“ на македонската држава. Усвоиле „стратегиска резолуција“ за „зајакнување на нејзината унитарност“, а поправо намислиле со неа да ја растураат Македонија како држава: максималистичките барања на ДУИ и Ахмети за воведување двоен етнички легитимитет во сите области на функционирањето на државата и во раководењето со неа, дури и во конституирањето на Владата и одлучувањето во Уставниот суд, всушност, се концепти и механизми за создавање и функционирање на двонационална федерација со засебни политичко-територијални автономии и внатрешни исцртани граници врз етничка основа! ДУИ бара одлуките на Уставниот суд да не бидат важечки, на пример при прогласување неуставност на закони, ако нема двојно мнозинство при гласање?! Бараат и финансиско-фискална автономија на општините, со враќање процент на данокот од каде што е наплатен, а тоа е дел од концептот за формална или неформална политичко-територијална автономија во составот на една држава. Ова би значело во случајот на Македонија „албанските општини“ во нејзиниот северозападен дел да се групираат врз етничка основа, како облик на „второстепена локална самоуправа“, што е, фактички, етничка регионализација и етничка реорганизација на територијата на Македонија. Ова е идентично со стремежот на „успешно спроведениот“ „референдум за конституирање албанска политичко-територијална автономија – Република Илирида“ од 1992 година внатре во македонската држава! На овој начин Али Ахмети и ДУИ ќе ја „јакнат унитарноста“ на Република Македонија или, всушност, со сето тоа испланирале да ја разбиваат на најситни парчиња?! Бесмислените и апсурдни барања на оваа партија завлегуваат длабоко во Уставот, а за издвојување е дека Социјалистичката партија на Македонија се огласи со предупредување дека со нив се урива уставниот поредок на Македонија и така таа слабее како држава! Како да им е малку сето ова што си го поставиле во своите конгресни документи и барања, Ахмети и неговите сопартијци изминатата сабота во третата „стратегиска резолуција“ „ја нагласија и потребата за нов општествен и политички договор, не за опстанок, туку за долгорочен развој и напредок – за национален договор за напредок“! „Интегративците“ бараат „охридски рамковен договор 2“ или што овој пат?! Р.Н.М.
(продолжува утре со „Стратегиска резолуција“ за разбивање на унитарноста на Македонија)
































