Албанец премиер во последните 100 дена од мандатот на Владата ќе урне уште едно табу, рече во вечерашното гостување на Алсат Арбр Адеми од ДУИ, наведувајќи дека оваа иницијатива има целосна поддршка од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии.
– Секако да, главната цел на овој парламентарен состав и оваа влада, која ја има нашата максимална поддршка е реализација на ветувањето за прв премиер Албанец предложен од ДУИ и кој ја ужива поддршката не само од СДСМ, туку и од ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии, барем така е констатирано. Нашите кадри од ДУИ досега кршеа табуа, кршеа некои бесмислени предрасуди. На чело на сите институции во кои се нашите кадри докажаа дека ништо лошо не ѝ се случува на државата, вклучително и функцијата претседател на Собранието, првиот министер за надворешни работи…, така што нема ништо лошо со државата, напротив нејзините позиции кон развојот се зајакнати. Негувана е вредноста на еднаквоста – рече Адеми.