Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицирање. Се одржале неколку неформални, како што велат пријателски средби, но тука немало никави договори и преговори за влез во Владата.
Партиите повторија дека ќе чакаат ДУИ да ги завршат преговорите, па кога ќе добијат покана за средба тие ќе настапат.
– Иако сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, сѐ додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција. Или Насер Зибери премиер или одете во опзиција – рече Скендер Зејд Реџетпи од Алтернатива, во името на коалцијата.
Како што велат од оваа колација, ДУИ треба да си остане на зборот и премиерот Албанец да има мандат од 4 години како што ветиле на изборите, а не ротирачки модел со учество од една или две години, затоа што според нив тоа е манипулација со гласачкото тело.
На прашањето дали и тие ќе бараат премиер Албанец, велат дека тоа прашање не било дел од нивната платформа.
– Доколку добиеме покана за преговори, ние ќе ги изнесеме нашите барања, а тие се содржани во нашата предизборна платформа. Ние со нашата програма која сакаме да биде дел од програмата на идната влада, бараме подобар живот и оставарување на уставните права на Албанците. Барањето за премиер Албанец беше прелог на ДУИ, кои впрочем немаа програма туку единстевно тоа го понудија – рече Реџепи.