Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре ја закажа пленарната седница на која треба да се изгласа петтиот сет економски мерки.
Прво е закажана 32-та пленарна седница, а веднаш по неа ќе се продолжи со 36-тата седница, на која на дневен ред се економските мерки за справување со последиците врз бизнисот од здравствената криза, како што се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери.
Пратениците од опозицијата претходно се противеа на ваквиот редослед на седниците, па останува да се види дали ќе учествуваат на носењето на законите по 32-рата седница.