Пратениците ги обземаат камерите и микрофоните, па се губат, не знаат што зборуваат. Вака Џафери го коментираше вчерашното однесување на пратениците и потребата тој да интервенира со исклучувавање на микрифонот на говорница.
Различно е однесувањето на пратениците кога не се присутни медиумите вели Џафери.
Во врска со навредите на Груби кон Села и заканите на Села дека ќе напише „доле ДУИ“ со спреј над главата на Џафери, тој повтори дека нема да дозволи слични ситуации како седницата на која Груевски му истури вода.
Во врска со оставката на пратеникот од НДП Весел Мемеди, Собранието ќе ја констатира на седницата на 9 јули, дотогаш има време тој да се премисли и да ја повлече, вели Џафери. На денешната седница веќе се закажани пратенички прашања и од таа причина не може да се констатира денес, обајснува тој.
Мемеди е и еден од петте потпретседатели на Собранието, а кој ќе дојде на негово место, Џафери вели зависи каков предлог ќе биде доставен од страна до Комисијата за избори и именувања или на предлог на повеќе од 20 пратеници.
Џафери на брифингот додаде и дека остануваат уште 9 земји да го ратификуваат протоколот за членство на земјава во НАТО, и тоа Исланд, Луксембург, Шпанија, Франција, Холандија, Турција, Италија,Велика Британија и САД.