Доколку бидам избрана за претседател на Република Македoнија прво
што ќе направам ќе биде да се откажам од привелгиите на претседателот, за
помалубројна, но поефикасна Влада, како и помалуброен Парламент, рече
на вечерешниот предизборен митинг во Битола, кандидатот за претседател
Горадана Сиљаносвака-Давкова.
Давкова задржувајки се на настаните од 27 април, истакна дека таа ги
осудува сите кои го прекршиле законот, но и против селективата амнестија на
одредени лица, кои беа ослободени од притвир да гласаат за уставите измени, а
подоцна и целосно ослободени иако беа обвинети за исти кривични дела за кои
некои издржуваат казна затвор.
Сиљановска зборувајки за Преспанскиот договор истакна дека е
донесен надвор од Уставот и дека меѓуанродните договори мора да се
почитувата само доколку се донесени согласно Усавот, а Преспанскиот
договор не е донесен согласно највисокиот правен акт на државата бидејќи
истиот го потпиува претседателот на државата а не Владата.
М.М.