Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис, Јункер изјави дека е „импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.
-Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив, изјави Јункер.