Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на прес-конфернецијата по завршувањето на дводневниот Самитот на ЕУ во Брисел рече дека не отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија е историска грешка.
– Не станува збор за тоа дали земјите се подготвени за влез во ЕУ, туку дали кандидатите ги исполнија условите за почеток на преговори. Многу земји сметаа дека немало таква подготвеност. Јас мислам дека тоа е историска грешка – изјави Јункер.
Запрашан кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер одговори дека ако ова е крај на проширувањето, треба да се соочиме со сериозни критики.
– Ние ги охрабрувавме, им помагавме и ги посетувавме и им дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани, мора да ги одржуваме нашите ветувања – изјави Јункер.