За првпат во историјата на Република Македонија, но и за првпат на европско тло се бара замрзнување на имот на политичка партија која што е во опозиција, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
– Барањето на СЈО и Одлуката на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно неосновани и без никаква правна аргументација. Барањето на СЈО и одлуката на судиите се исклучиво, и исклучиво политички мотивирани -рече Јанушев.
Според него во барањето на СЈО не е приложен ниту еден доказ со кој може да се извлече корелација со изречената мерка.
-Се повредува правото на слободно располагање со сопственост. Индикативно е тоа што по вакво барање Апелацискиот суд има одлучено и го има отфрлено ваквото барање. Одговорноста не ја презел еден судија туку е поделена на двајца спртивно на кривичната постапка. Бараме под итно да се укине решението за привремената мерка како неосновано и недозволено – додаде Јанушев.