Мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местото на народните избраници што станаа градоначалници на локалните избори, треба да бидат верификувани на денешната пленарна собраниска седница.
На местото на новиот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов од СДСМ треба да дојде Љубица Спасова, а Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој победи во скопската општина Аеродром, треба да биде заменет од Тони Јаревски.
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел, ќе биде наследен од Зоран Коцевски, а новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде заменет од Драган Ковачки.
Градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од БЕСА во Тетово.
На дневниот ред на 51-та седница има вкупно 14 точки.