Земјите членки на ЕУ, а пред сė „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија.
Ова е ставот на Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
– Договорот за долгогодишниот спор за името на Македонија би можел да предизвика голем број позитивни последици за регионот и за цела Европа – оценува Шаусбергер.
Во тест за австрискиот весник „Пресе“, тој вели дека успехот на договорот меѓу Македонија и Грција ќе значи и потврда дека ЕУ може да има улога на посредник во разрешување конфликти и покрај огромните потешкотии во сопствените редови.
Стратегијата на ЕУ за проширување претставена на 5 февруари годинава, спроед Шаусбергер, предизвика динамика во земјите од Западен Балкан што не треба да се потцени.
– Договорот за името, доколку биде ратификуван, ќе предизвика серија последици. За Македонија ќе бидат отстранети пречките на патот кон почеток на пристапните прегвори со ЕУ. Можно е отворање на преговори и со Албанија иако Тирана прво мора да покаже дека е сериозна во врска со реформата на судството и борбата со корупцијата. Ставањето крај на спорот меѓу Макеоднија и Грција, може да даде нов импулс и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ќе има позитивно влијание и на многуте нерешени прашања меѓу народите во Босна и Херцеговина – вели Шаусбергер.
Нагласува дека решавањето на билатералните проблеми меѓу земјите од Западен Балкан кандидати за членство во ЕУ е клучен и неизбежен предулов за нивната евроинтеграција, бидејќи Унијата не сака да увезува конфликти.