Чешкиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.
На седницата присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој е во еднодневна работна посета на Чешка како учесник на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан“.
Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.