Проблемите со уредите за биометриска идентификација доминираат во извештаите на набљудувачите од терен за периодот од 9 до 11 часот, соопшти Џабир Дерала од невладината организација ЦИВИЛ на денешната прес-конференција за текот на изборниот процес.
Тој се осврна на проблемите со уредите за биометриска идентификација, кои смета дека ќе го одбележат денот, додавајќи дека тие се забележани на повеќе места во државата – во Виница, Прилеп, Скопје, Куманово, Делчево, Битола, Кавадарци, Тетово и во Кичево.
Избирачкиот одбор во избирачкото место 1581 во Радовиш дошол до сознание дека апаратот не им ги чита податоците на гласачите кои се дезинфицирале пред гласањето.