Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања му предложи на Собранието да го разгледа извештајот на ДИК за верификација на мандатот на Александра Цветковска.
Таа ќе го преземе мандатот на пратеникот Горан Милевски, кој со владината реконструкција стана министер за локална самоуправа.
Државната изборна комисија вчера на седница констатира дека Цветковска ќе биде нова пратеничка во Собранието, врз основа на спроведената постапка.