Министерската за образование и наука, Мила Царовска, денеска на Фејсбук објави дека со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство.
Заблагодарувајќи му се на Заев за укажаната доверба и можноста да даде придонес во градењето општество за сите, таа додава дека останува посветена на борбата за социјалдемократските вредности.
– Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата – напиша Царовска на Фејсбук.