Христо Кондовски, еден од сопствениците на СН Брокер ќе биде кандидат на СДСМ на претстојните локални избори.
Ова попладнево и официјално го потврди генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Според Николовски, Христо Кондовски убедливо водел на сите анкети и ја имал поддршката на биснис секторот.
Вака синоќа одлучил Извршниот одбор на партијата.
Христо Кондовски е успешен бизнисмен и еден од сопствениците на брокерската кука СН Брокер и член на Групацијата СН.
И покрај тоа што важеше за апсолутна фаворитка, сепак, СДСМ одлучи да не ѝ даде втора шанса на актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, која беше убедена дека сигурно ќе добие нов мандат.
Инаку Христо Кондовски победи во конкуренција на неколку кандидати, мегу кои актуелната градоначалничка Наташа Петровска, актуениот директор на Водовод, Горан Козаров и советникот Зоран Стојчевски.
М.М.