Движењето БЕСА на внатрепартиски консултации ќе одлучи како ќе продолжи понатаму, истакна министерот за земјоделство и генерален секретар на партијата Аријанит Хоџа на денешната прес-конференција, по повод незадоволството од одлуката за прегласување во тетовско Желино. ДИК прифати еден од двата приговора од ДУИ за Желино, каде што победи кандидатот на БЕСА, што е доволно за да има прегласување.
– Движењето БЕСА ќе продолжи внатрепартиски консултации за да одлучи како ќе дејствува понатаму. Ние продолжуваме со нашата ориентација за европската иднина на земјата со сите вредности на демократијата промовирани од Европската Унија. Но, нема да дозволиме да бидеме на маса со политички структури кои сакаат да ја нарушат демократската волја на народот – порача Хоџа.
Одлуката на БЕСА за останување или напуштање во владејачката коалиција нема да зависи од одлуката на Управниот суд.
– Ќе поднесеме тужба до Управниот суд, но нашата одлука нема да зависи од одлуката на судот, која нема да нѐ премисли – кажа Хоџа, додавајќи дека, без да се консултира со партиското раководство, тој нема да биде министер во составот на ваква влада.