Остануваме на нашата позиција, кристално јасна е изјавата на Киријакос Мицотакис за ова прашање и нема да го промениме нашиот став, вели потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото „Практорио фм“.
– Чекаме да видиме по референдумот и резултатот од него, што ќе прави владата. Господинот Ципрас и господинот Коѕијас велат дека имаат мнозинство во парламентот, така да, штом имаат нека го донесат да го поддржат овој договор. Ние, она што го гледаме секој ден е дека другата страна тврди дека се Македонци, дека говорат чисто македонски јазик и мислам дека со ова се потврдува дека беа во право сите оние кои го критикуваа овој договор што е на товар на едната страна – вели Хаѕидакис.