Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на Твитер објави дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.
„Франција ратификуваше. Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“ напиша Шекеринска.
Франција ?? ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО! ??
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) November 21, 2019
За полноправното членство на Македонија во НАТО останува уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол. Шпанија допрва треба да формира влада, по неодамнешните избори.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува процесот на ратификација на членството на Македонија во Алијансата сите сојузници да биде завршен на почетокот на следната година. Документот треба да биде усвоен и во македонското собрание за Македонија да стане членка на НАТО.