Претседателот, Стево Пендаровски, свика за утре итна лидерска средба, на која ќе стане збор за одложување на изборите по барање на најголемите политички партии.
Пендаровски во објавата за лидерската средба на социјалните мрежи, наведе дека на средбата ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и спикерот на Собранието, Талат Џафери.
Лидерска средба утре во Вила Водно за можно одложување на парламентарните избори закажани за 12 април, датум договорен на средбата на парламентарните партии во октомври 2019. Ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) March 16, 2020
Претходно денеска, одложување на изборите побараа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. И двајцата, во своите излагања посочија дека здравјето на граѓаните е приоритет, а изборите можат да бидат одложени за понатаму поради епидемијата на коронавирусот.