Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје.
– Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина – се наведува во соопштението.
Унгарската Влада се надева дека со брзата ратификација на Протоколот од страна на земјите-членки на НАТО, Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса, се додава во соопштението на унгарската амбасада во Скопје.