Собранието попладнево доби тројца нови пратеници Бедрик Фазлиу од ДУИ и Драгица Ѓавочанова и Зекир Рамчиловиќ од Коалицијата на СДСМ на местото на Флорим Бесими од ДУИ и Зоран Заев и Љупчо Николовски од СДСМ.
Заев и Николовски како и шестмина други пратеници попладнево и вечерва поднесуваат оставки во Собранието бидејќи се најавени како дел од новиот владин кабинет.
Оставките и верификацијата на новите мандати се прави на посебни седници поради тенкото мнозинство на власта од 62 пратеници, кое мора постојно да се одржува за верификацијата на мандатите на новите пратеници.
Процедурата се одолжува и поради тоа што се чекаат извештаи од ДИК и Собраниската верификациона комисија за тоа кои се наследниците на народните избраници што поднесуваат оставки.
Собраниските седници се одржуваат без присуство на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса за Албанците.