Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција посочи дел од кандидатите за градоначалници на партијата за следните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.
Меѓу најзвучните имиња соопштени денеска беа актерот Тони Михајловски, кој ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово, како и кандидатот за општина Бутел, каде претставник на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Дарко Костовски, тренерот на македонската тaеквондо репрезентација.
Меѓу останатите кандидати за градоначалници кои денеска ги претстави Мисајловски се:
Александар Стојкоски – Општина Ѓорче Петров
Жарко Ристевски – Општина Македонски Брод
Дејан Владев – Општина Свети Николе
Димчо Атанасовски – Општина Македонска Каменица
Елеонора Рашковска – Општина Берово
Зоран Здравевски – Општина Чашка
Киро Нацков – Општина Градско
Маријан Миленковски – Општина Пробиштип
Миле Петков – Општина Виница
Александар Китански – Општина Пехчево
Бошко Цветковски – Општина Лозово
Виктор Паунов – Општина Карбинци
Далибор Ангелов – Општина Облешево
Коста Маневски – Општина Зелениково
Никола Најдовски – Општина Демир Хисар
Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше
Кирил Пецаков – Општина Охрид