Најавениот нов пристап кон проширувањето на Европската Унија – идеи и предизвици, ќе биде тема на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Се очекува на седницата да се обрати францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Членови на Националниот совет за евроинтеграции се пратеници, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставници од кабинетот на претседателот и на премиерот, на МАНУ, ЗЕЛС и од Здружението на новинарите.