Во изминатиов период, пред изгласувањето на Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ), во јавноста во повеќе наврати беше лиферуван идентичен став и на поединци претставници на власта и од опозицијата. Многу чудно, но вистинито беше што за една битна констатација беа идентични и позицијата и опозицијата и тоа токму на прашањето за ЗУЈ, за кое истите тие политичари, од различните партиски ровови, имаат суштински дијаметрални ставови.
Секако, изјавата беше дадена од секого од свој агол и диоптрија, но сепак, шокантно одекна во јавноста „унисоната изјава“ од двете страни, а имено дека „владината коалиција се темели токму на договорот за донесувањето на Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ)“. Навистина изненадувачки, и тоа од две причини. Првата причина за изненадување е дека „нешто идентично“ постои меѓу двете партиски антагонисти.
И втората причина, што е посуштинска, дека всушност „ЗУЈ е фундаментот на владината коалиција“, а не тоа да се всушност владеењето на правото, процесот на приклучување на нашата држава во НАТО и ЕУ, односно реформите. Токму во врска со реформите како еден од столбовите на Владата, наспроти инсистирањето на донесувањето на ЗУЈ, од дипломатскиот кор, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние беше најдециден. Тој рече дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална.
– Македонија има други реформски приоритети, Законот за јазиците не е еден од нив, тој не е дел од европската агенда. Собранието не функционира така како што треба – рече Тимоние. Професорката Гордана Сиљановска Давчева, пак, вели дека од нејзин агол изјавата за тоа дека всушност „ЗУЈ е фундаментот на владината коалиција“, а не e како што тоа треба навистина да биде – владеењето на правото, односно реформите, во најмала рака е – шокантно. Професорката нагласува дека она што го содржи ЗУЈ, како дел од политичка програма воопшто не го видела ниту некаде го прочитала.
– Јас ја отворив уште еднаш програмата на СДСМ. Внатре нема ниту еден збор за овој закон. Јас верувам во она што го предавам. Во теорија на мандат е дека секоја влада има право, односно секоја партија да го предложи она за што има мандат од гласачите на изборите. Вие ако сакате да предложите нешто пред парламентот, а немате за тоа мандат, тогаш ќе поднесете оставка и на следните избори во програмата ќе го предочите и тоа тогаш имате мандат да го сторите тоа – смета професорката.
Во врска со изјавите во јавноста на високи владини функционери, а во контекст на инсистирањето на донесување на ЗУЈ, односно дека истиот тој треба да биде изгласан, професорката вели дека е тоа класично кршење на начелото на поделба на власта.
– Кога премиер зборува за еден закон дали е уставен или неуставен, или дека треба да се изгласа, тоа е како што велиме ние во книгите, кршење на начелото на поделба на власта. Парламентот носи закони, а Владата предлага. Ние гласаме за овој состав на влада заради ветувањето дека ќе ја ублажи тиранијата на егзикутивата врз легислативата, дека нема да се меша во законодавната власт. Второ, пратениците гласаат по сопствено уверување. Тоа се виде, бидејќи бројот на пратениците што гласаа беше помал од бројот во првото гласање. Што значи кај некои, правната логика профункционирала – објаснува професорката.
Токму ваквиот агол на гледиште за ЗУЈ беше и причината за да се реактуализира едно универзално и фундаментално начело на политичкиот систем, кое се однесува за т.н. поделба на власта. Тоа начело е едно од темелните уставни столбови за функционирање на која било демократска и правна држава. Професорката Сиљановска се осврнува и на ова прашање.
– Во нашиот Устав прво нема поделба на власт, а тоа начело е темелна вредност на уставниот поредок. Ќе ви дадам пример. Ако Собранието изгласа недоверба на Владата, Владата ќе си оди, а Собранието ќе си остане. Тоа е реликт од собранискиот систем. Во парламентарните системи, тие треба заедно да живеат и заедно да умираат. Ако е лоша Владата, лошиот избор го направил парламентот. Значи, нема поделба на власт. Второ, секаде во светот премиерите се тие што го водат владиниот тим, премиерите го соопштуваат составот на Владата пред пратениците, нема поединечно гласање, ама секој премиер може да си смени сам министри, само тоа да го соопшти пред парламентот, за да не си ја жртвува Владата. Кај нас треба да побара од Собранието. Би ви набројала уште десетина работи… Но, катастрофална ни е администрацијата. Очигледно е ако во било Владата и во парламентот добиваме вакви текстови на закон без „вакацио легис“, односно законот го нема основниот елемент на еден закон, костурот на државата е администрацијата полна со хартија, а не со знаење – коментира професорката.
Во основа, експертите од доменот на правото и политиката, односно познавачите на политичките системи, нагласуваат дека далеку од тоа дека еден закон може да биде основа за политичко и владино коалицирање. Особено ако содржи елементи спротивни на устав и закони и изгласан во процедура надвор од пропишаната. Основа за политичко и владино коалицирање се политички програми со реформски, просперитетен карактер, кој на граѓаните на државата ќе им гарантираат напредок во сите сегменти од нивното живеење.
Во изминатиов период, пред изгласувањето на Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ), во јавноста во повеќе наврати беше лиферуван идентичен став и на поединци претставници на власта и од опозицијата. Многу чудно, но вистинито беше што за една битна констатација беа идентични и позицијата и опозицијата и тоа токму на прашањето за ЗУЈ, за кое истите тие политичари, од различните партиски ровови, имаат суштински дијаметрални ставови. Секако, изјавата беше дадена од секого од свој агол и диоптрија, но сепак, шокантно одекна во јавноста „унисоната изјава“ од двете страни, а имено дека „владината коалиција се темели токму на договорот за донесувањето на Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ)“. Навистина изненадувачки, и тоа од две причини. Првата причина за изненадување е дека „нешто идентично“ постои меѓу двете партиски антагонисти. И втората причина, што е посуштинска, дека всушност „ЗУЈ е фундаментот на владината коалиција“, а не тоа да се всушност владеењето на правото, процесот на приклучување на нашата држава во НАТО и ЕУ, односно реформите. Токму во врска со реформите како еден од столбовите на Владата, наспроти инсистирањето на донесувањето на ЗУЈ, од дипломатскиот кор, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние беше најдециден. Тој рече дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална.