Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објави грчката телевизија „Скај“.
Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц. Новинарот од грчката телевизија коментира, дека „откако потона Илинден се чини дека е во тек маратон за да не се загуби можноста“ и да се затвори прашањето до Советот на ЕУ на крајот од јуни.
-Според информациите што ги имаме, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако минатата сабота, ги известија претседателите и лидерите на политичките партии, контактираа телефонски најмалку еднаш или два пати и треба да додадеме дека дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт. Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор – објави грчката телевизија.