Актуелниот градоначалник на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари прогласи победа во општината.

– Брутално ги победивме ДУИ и СДСМ во Гостивар, и тоа со разлика над 5.000 гласови – рече Таравари.

Тој додаде дека ДУИ и СДСМ се поразени во Тетово, Дебар, Битола, Охрид, и се надева на промена на власта.

– Се надевам дека од утре ќе почнат преговори за нова Влада. СДСМ и ДУИ веќе немаат кредибилитет – изјави Таравари на прес-конференција.

Според информациите, објавени на веб-страницата на ДИК, Таравари засега освоил 57,67 проценти од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, со освоени 40,33 проценти.