Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека го попречува членството на Македонија и во Алијансата.
– Русија се обидува да го попречи приклучувањето на Македонија во НАТО, како што е случајот и со Црна Гора каде што видовме и неуспешен обид за преврат-изјави генералниот секретар на Алијансата во обраќањето во фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон.
Според Столтенберг, има многу примери за обид на Русија да се вмеша во политичките процести на НАТО земји и државите партнери.