Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбите со жители од Матејче, Ваксинце, Опае и во липковско ја потенцираше силната посветеност на рамномерниот региоионален развој и на развојот како на градските така и руралните средини и на грижата за сите граѓани.
– Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти и продолжуваме, ќе има повисока социјална помош за 34.000 домаќинства. Над 33.000 деца во училишна возраст примаат детски додаток и продолжуваме со детски додаток за 65.000 деца. Најавуваме изградба на 777 социјални станови низ целата држава. Ние се грижиме за потребите на луѓето, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат за потребите на Никола Груевски, ги поделија луѓето и владееја со страв, режим и крадење – рече Спасовски.
Тој посочи дека во овој регион, за патна инфраструктура, централната власт има вложено 6 милиони и 100 илјади евра за патот Опае – Балаковце – Станчиќ – граница со Косово и за рехабилитација на регионалниот пат Матејче Липково.
– За 12 проекти за рамномерен регионален развој одделени се 101 милион 908 илјади 294 денари за: изградба на фекална канализација село Отља, општина Липково, за фекална канализација с.Ваксинце, фекална канализација село Матејче, за подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, нешто за што ДУИ имаше можност 11 години, но не го направија. Се грижиме за сите, тоа граѓаните го препознаваат, ја имаме поддршката од сите и затоа заедно продолжуваме по правиот пат. Заокружете 3 на 15 јули за да продожи грижата за сите – повика Спасовски во Липково.