Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговори потврдно на новинарско прашање дали очекува нов предлог од опозицијата за министер во МВР.
– Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите – рече Спасовски.
Запрашан дали можеби ќе се прифати сегашниот предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, Спасовски порача дека мора да се почитува Уставот.
Спасовски за два дена треба да ја преземе функцијата премиер во техничката влада, пред одржувањето на изборите.