Партијата се реорганизира
СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство, велат од партијата. Од таму истакнуваат дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Зоран Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.
– Заедно со претседателот Зоран Заев, раководството работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата. На денешниот состанок на раководството се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани – велат од СДСМ.
Од партијата информираат дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.
На денешниот состанок на раководство на СДСМ, Заев информирал за консултациите и разговорите со коалициските партнери.
– Парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока се разговорите со сите коалициони партнери од парламентарното мнозинство. Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија поддршка на влада од оваа парламентарно мнозинство. На Северна Македонија ѝ е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евро-атлантски курс на дејствување – велат од СДСМ.