Група од дваесетина луѓе протестираа во близина на Владата, во текот на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Граѓаните беа собрани на булеварот „Свети Климент Охридски“, каде што е поставена заштитна ограда од страна на полицијата, која ги оневозможи да пријдат поблиску до владината зграда.
Учесниците на протестот закачија повеќе знамиња со сонцето од Вергина на заштитната ограда. Д.Ср.