Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на почетокот на денешната седница ја констатира оставката на Никола Груевски.
Експремиерот ја достави оставката изминативе денови од Унгарија, каде што избега и доби политички азил.
Груевски поднесе оставка откако Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе одлука да му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот мандат поради неоправдано отсуство од шест месеци.
Според Законот за пратеници, Груевски може да побара апанажа во висина на платата што ја земаше како парламентарец.
На пратеничкото место на Груевски ќе седне Ѓоко Камчев.