Собранието денеска со консензус го донесе дополнетиот предлог на закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Пратениците го донесоа и Дополнетиот предлог на Законот за рамномерен регионален развој, за кој ВМРО-ДПМНЕ беше присутна во салата и гласаше воздржано.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека тие ќе гласаат воздржано со што ќе се овозможи донесување на законот, бидејќи се прифатени три нивни амандмани со што е одобрено законското решение.