Актерите во борбата за останување или освојување на власта тешко се воздржуваат целосно да го испочитуваат правото на гласачите самостојно да одлучуваат, па оние што влегуваат во изборната трка на разни начини (суптилно, но и помалку внимателно) се обидуваат да го добијат гласот на граѓанинот. Кои се ваквите примерите во светот и кај нас, секако, евидентирани и посочени од релевантни извори во самите земји
Во ист период, а некои речиси и во ист ден, кога се одржуваат претседателските избори во Македонија, на уште неколку „жешки“ геополитички точки во светот се одржуваат изборни процеси – претседателски или парламентарни.
Иако изборите претставуваат еден од главните темели на демократијата, на кои граѓаните преку чинот на гласање треба слободно да го направат својот политички избор за перспективата на државата во која живеат, што секако се одразува и на нивниот личен статус и состојба во општеството, сепак политичките сили во земјите (иако формално демократски) неретко настојуваат да го измоделираат тоа право на граѓаните во сопствена корист.
Актерите во борбата за власт тешко се воздржуваат целосно да го испочитуваат правото на гласачите самостојно да одлучуваат, па оние што влегуваат во изборната трка на разни начини (суптилно, но и помалку внимателно) се обидуваат да го добијат гласот на граѓанинот.
Во продолжение следува краток пресек на одредени забелешки за директно или посуптилно придобивање на гласачите на изборните циклуси во неколку земји, секако, евидентирани и посочени од релевантни извори во самите земји.
УКРАИНА
На 21 април (кога ќе се одржи првиот круг на гласање на претседателските избори во Македонија), се одржува и вториот круг на гласање за избор претседател на Украина. По првиот круг, убедливо е водството на украинскиот популарен комичар, но сепак политички аматер, Владимир Зеленски, кој се соочува со досегашниот претседател Петро Порошенко. Според украинските политички аналитичари, иако Украина со изборите во 2014 година излегла од зоната на руското влијание, сепак и понатаму има причини за загриженост за незаконско влијание врз гласачите во изборните процеси.
Имено, купувањето гласови има долга историја на изборите во Украина, и како што велат познавачите на состојбите, не треба да очекуваат никакви промени оваа година. Со оглед на економската стагнација на земјата и бавниот економски раст, проценет на нешто повеќе од 3 отсто, има многу луѓе на кои им требаат пари. И има многу начини да се поткупат гласачите: создавање добротворни фондации, кои обезбедуваат поддршка за потенцијалните гласачи во име на кандидатот и неговата или нејзината политичка партија; да купуваат членови на изборните комисии што ги бројат гласовите на денот на изборите, до донесување „подготвени“ гласачи до одредени изборни единици. Покрај овие веќе познати форми на купување гласови во Украина, има и втор фактор што не го гледаат и западните експерти. Како резултат на реформите во децентрализацијата, регионалните елити на Украина добија невидена алатка на моќ, речиси поголема од времето на режимот на Јанукович. Локалните буџети се поголеми, има поголема политичка автономија.
Ниту Министерството за внатрешни работи, ниту канцеларијата на јавниот обвинител не можат да ги гонат виновниците што би биле вклучени во манипулации на изборите. Ова значи дека локалните елити уживаат апсолутен имунитет преку можни договори, или имаат доволно моќ да ги игнорираат властите во Киев.
(извор: сајт Атлантик кансл)
ИЗРАЕЛ
На неодамнешните парламентарни избори во Израел, премиерот и лидер на партијата Ликуд, Бењамин Нетанјаху го освои петтиот рекорден мандат на чело на израелската влада. Речиси на секои избори во Израел, безбедноста, корупцијата и економијата се клучни прашања за Израелците пред гласањето. Главна грижа за гласачите е безбедноста, според анкетата спроведена од политичкиот аналитичар Мичел Барак од „Кивон стратеџис“.
Појасот Газа, дом на два милиона Палестинци што живеат под израелска опсада повеќе од една деценија, останува извор на тензии. Безбедноста, корупцијата и економијата се клучни прашања за Израелците пред гласањето. Речиси половина од испитаниците во анкетата спроведени од „Кивон стратеџис“ ја оценија корупцијата како сериозно прашање…
(извор: Ал џезеира)
Индонезија
Општите избори во Индонезија, кои се одржуваат денеска, на 17 април, се едни од најкомплексните избори во светот, со повеќе од 192 милиони луѓе што гласаат на национални и регионални парламентарни избори, избирајќи од над 245.000 кандидати. Овие гласачи гласаат на повеќе од 800.000 избирачки места. Но она што се случи изминатата недела, кога стотици Индонезијци во Сиднеј, Австралија, биле обесправени да гласаат, го подгрева сомневањето дека се подготвува местење на гласовите во Индонезија. Двата најстабилни проблема на изборите во Индонезија се купувањето гласови и поткупот, како што откри специјалниот извештај на Комисијата за искоренување на корупцијата (КПК).
(извор: Џакарта пост)
ИНДИЈА
Еден од клучните проблеми на изборите во Индија е масовното исклучување на малцинските и ранливите групи од избирачкиот список. Податоците од пописот покажуваат дека помалку од 5 проценти од домаќинствата на национално ниво имаат само еден регистриран гласач, иако повеќето индиски домаќинства имаат неколку возрасни лица. Невладините организации пронајдоа голем број случаи каде што луѓето имаа валидни картички за гласање , но чии имиња беа избришани од изборниот список оваа година. Декодирањето на изборите во Индија, сугерира дека 21 милион жени со право на глас се моментално обесправени во Индија, врз основа на односот на жените и мажите во изборните списоци . Аналитичарите велат дека „ако 21 милион жени исчезнат од избирачките списоци, може да се кажам дека тоа не се слободни и фер избори во Индија“.
(извор: Форин полиси)
Кои се забелешките за Македонија
Еден од хроничните проблеми на изборните процеси во Македонија е предимензионираноста на избирачкиот список, што не е надминат и за овие претседателски избори. Упатените проследувачи на изборните процеси од невладините организации, како некои од проблемите што се појавуваа на изборите во земјава ги наведуваат: силниот притисок на партиските активисти дури и на денот на гласањето, повреда на тајноста на гласањето, а честопати и неедуцираноста на изборната администрација.
– Тргнувајќи од ветувањата на институциите, а и обуките спроведени од ДИК за членовите на избирачките одбори, се надевам дека на овие претседателски избори ќе бидат отстранети досегашните забелешки. Имало избори кога на гласачите на денот на гласањето им се вршел силен притисок од партиските активисти, да излезат, или да не излезат на гласање – во зависност од тогашниот интерес на партијата. Честопати бил прекршуван изборниот молк, а поради неедуцираност на членовите на избирачките одбори, се случувало да биде прекршено и правото на гласање. Честопати се констатираше и повреда на тајноста на гласањето. Сепак, сметам дека најголемиот дел од овие проблеми се отстранети, но проблемот со – вели Џабир Дерала, претседател на НВО „Цивил“.