Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова вечерва во рамки на изборниот карван одржа митинг во Берово, на кој пред беровчани рече болката на народот е татковината.
 
-Ќе почнам од болката наречена татковина. Се може да смените во животот, но татковината никогаш. Една е татковината, а татковина без мајка нема, на татковината и личи да има мајка. Ако во 19 век умни луѓе преку океанот велеле дека ако соседите заслужуваат да имаат држава, зошто и Македонците да немаат своја. Вината е во нашите политичари кои се субмисивни, го зборуваат она што другите сакаат да го чујат. Но тоа не е гордо. Затоа ние сме должни да ја вратиме гордоста на Македонија, рече Силјановска Давкова.
 
Додаде дека за да народот се справи со тоа што како што рече ,,тие” го направија сите заедно жени и мажи како некогаш низ историјата на 21 април и на 5 мај треба и изборно да се делегитимираат.
 
За новата функција претседател Сиљановска Давкова рече дека ќе биде онаква каква што е на факултет.
 
-Јас нема да бидам поинаква, ќе останам каква што сум на факултет, ќе ги учам сите дека вреди да се знае, да се инвестира. Тоа ќе го направам врз оние со кои ќе соработувам, а во мојот кабинет ќе има место за многу жени. Таквиот кабинет се надевам ќе биде здрав импулс за другите институции. Ако претседателката нема ингеренции врз надворешната политика таа ќе биде продолжена рака на внатрешната политика. За да ве ценат треба сами да се цените. Ние ќе бидеме поинакви значи огледалото македонско надвор ќе биде стручно, компетентно, одговорно. Не сум убедена дека имаме таква дипломатија во моментот. Тоа е лоша порака кон надвор- рече Сиљановска Давкова.
 
Пред беровчани се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Подоцна вечерва Сиљановска Давкова ќе одржи митинг и во Делчево