Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Сиљановска-Давкова, изјави дека очекува поголема излезеност и победа, откако, денеска, на вториот круг од претседателските избори гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“.
– Мислам дека успешно ја завршив целта на која се концентрирав, односно на групите граѓани за кои мислев дека треба да се инспирираат, или да им се разјаснат дилемите, дали да излезат или не. Денов почна како со зима, тоа е политичката зима во Македонија, но мислам дека ќе заврши со сонце на крајот – рече Сиљановска-Давкова.