Денеска или утре ќе бидат познати имињата на замениците-министри во новата Влада. Ова на прес-конференција го изјави вчера првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.
Груби најави дека ДУИ ќе има 5 заменици министри и петмина државни секретари.
– ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда – изјави Груби.
Тој кажа дека позициите на директори не се одредени, но направени се некои замени на секторите со СДСМ.
– Станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни – изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.