СДСМ е прв во промените. Идејата за заедничка дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ. – се вели во соопштението на владејачката партија
Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси.
Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред.
Неговата визија се промени за поддршка на напредокот наместо блокади и враќање назад, промени за поддршка на НАТО и ЕУ, за правда која важи за сите а не за опструкции, за демократија а не режим, за едно општество за сите а не за поделби.
Претседателот Заев отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја, кои се за напредок а не на криминално стекнатиот имот на режимот и враќање назад.
Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата.
Мицкоски безброј пати покажа дека не е еден од нив.
Затоа, Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување.
Губитникот Мицкоски нема капацитет и кредибилитет да учествува во идејата за национално помирување меѓу најодговорните партии. Тој едноставно не поседува политички капацитет вистински да ја разбере. – се вели во соопштението на СДСМ