Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ, соопшти СДСМ.
– По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.
Истотака, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат.
За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста.
Единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите – велат од партијата.