По третиот последователен пораз на избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да си ги бараат причините кај нив, наместо да бараат алиби.На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, победи концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен, поразени сите се анти НАТО и анти ЕУ политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
– Оливер Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите.Бадијала ВМРО-ДПМНЕ бараат изговори за поразот што им се случи, граѓаните кажаа што мислат за нивната понуда и повторно ги казнија нивните неодговорни, незрели и опасни политики.Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе – се додава во реакцијата.