СДСМ – Прилеп денеска на прес-конференција ја започна изборната кампања од плоштадот Методија Андонов Ченто. При тоа претставувајќи ја советничката листа, се обрати кандидатот за градоначалникт Горан Сугарески кој рече дека борбата за развиен и подобар Прилеп, секогаш била и ќе биде поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност.
-Го имаме концептот „Најдоброто за мојата општина“, со кој Прилеп прераснува во посакувано место за живеење, со висок квалитет на живот и задоволни граѓани. Најдоброто за Прилеп, значи општина со модерната и урбана инфраструктура, со нови бизнис можности, со силна зелена агенда за почиста животна средина, со ефикасна администрација, со реализирани младина и општа благосостојба. Најдоброто за Прилеп, е концепт од граѓаните за граѓаните. Стратегијата за развој на нашата општина ја базираме на потребите на граѓаните, на нивните идеи и размислувања за сето она што e најдобро за градот и населените места. Во таа насока, како најважнии приоритетни проекти од мојата изборна програма, се: уредување на влезовите во градот; булеварски решенија на главните сообраќајници, реконструкција и изградба на патната инфраструктура и нови паркинг места; кружен тек кај новата автобуска станица; уредување на Градска река-Дабнички канал; семеен парк Прилеп -зелена оаза за релаксација и рекреација – рече Сугарески, при тоа потенцирајќи дека ќе биде градоначалник на сите граѓани и дека комуникацијата ќе биде на високо ниво.
Ка.М.