По повеќе од 60 години Штип и штипјани добија нов мост којшто значително ќе го подобри нивниот секојдневен живот, ќе ја олесни комуникацијата и патувањето, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
– Со право овој мост е наречен Иднина затоа што развојот во инфраструктурата, инвестициите, унапредувањето на квалитетот на живот, тоа е иднината кон којашто се стремиме и за којашто работиме.
Покажавме и докажавме дека СДСМ гради, СДСМ поврзува, СДСМ обезбедува подобар живот за сите граѓани и во тоа успеваме.
Со нашите политики на централно и на локално ниво градиме мостови кои поврзуваат, обединуваме, градиме мостови на иднината, мостови кои ги поврзуваат граѓаните, но ја поврзуваат и Северна Македонија со НАТО и ЕУ!
Ова е победа на посветеноста и работливоста наспроти деструктивноста и блокадите.
Му честитам на градоначалникот на Штип и на Советот за упорноста и посветеноста да се изгради oвој мост за толку краток временски период.
Денеска е убав и среќен ден и нека биде поттик и натаму да продолжиме да градиме и да работиме за подобра иднина на сите наш граѓани – порача Николовски.