ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток, соопшти СДСМ, по повод коментарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“.
Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски.
– Очигледно е дека Христијан Мицкоски ја има истата деструктивна матрица на неговиот претходник Груевски, не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и конструктивен политички субјект – се вели во соопштението на СДСМ.