СДСМ, денеска, на вонредни внатрепартиски избори на 194 гласачки места во 80 општини избира нов претседател на партијата.
Овие избори следуваат по оставката на претседателот на СДСМ и премиер во заминување Зоран Заев, која беше констатирана на седницата на Централниот одбор на партијата одржана на 26 ноември.
Оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност по поразот на локалните избори, губејќи го и главниот град и повеќето скопски општини.
Со изборот на нов партиски претседател започнува најавеното повлекување на Заев првин од челната позиција во СДСМ.