На денот кога државата, институциите, организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзините претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици. СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики, кои се блиски на фашистичките наративи и концепти, соопшти партијата.
– Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правдата доаѓа за сите. Надлежните институции, Обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.
СДСМ и новата влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да ѝ се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. Во демократска слободна европска држава, како што е Северна Македонија, нема место за закани. Смрт на фашизмот, слобода на народот – се додава во соопштението.