Американскиот Сенат вечерва го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО.
Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и истакна дека стратешкото партнерство продолжува.
– Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO – напиша Пендаровски.