Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди, го оцени како лоша авантура неодамнешниот обид за рушење на Владата, во неговото вечерашно гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.
– Обидот за рушење на Владата беше лоша авантура. Тоа е лошо политичко искуство. Избрзавме, но иницијатори беа ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците – вели Реџепи.
Тој очекува мнозинството во Владата да трае до 2024 година.
– Ако оди се како што треба, ако успееме да добиеме датум, тогаш ќе се фокусираме на крупни реформи, во борба против корупцијата, проекти во економијата, владеење на правото, и во тој случај не гледам причина зошто би требало да има предвремени избори и ова мнозинство ќе го истера цел мандат, до 2024 година – смета Реџепи.