Владата во моментов има собраниско мнозинство, односно 61 пратеник и наскоро ќе се дознае за кој станува збор, истакна во Кастриот Реџепи во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на „ТВ21“, зборувајќи за актуелната политичка ситуација.
– Ќе видите деновиве, не можам да кажам, но има 61. Сигурен сум. Како што не знаевте за мене дека нема да гласам за рушење на владата, така не знаете кој ќе биде 61-виот, но ќе дознаете – тврди Реџепи.
Пратеникот нагласи и дека БЕСА се уште е дел од Владата, додавајќи оти уште нема партиска одлука за излегување на партијата од владејачката коалиција.
– Нема ниту една партиска одлука за да излеземе од Влада. Не заседаат партиски органи на оваа тема. Од друга странам партијата Алтернатива чека пред вратите на Владата за да биде дел од неа, зошто ние да излеземе. Треба да почекаме. Не знам зошто се брзаат поединци во БЕСА. Треба да се почека. Да почекаме до 14 декември. – вели Реџепи.